Домен Превц ќе настапи на турнејата „Четири скокалници“ во лидерска жолта маичка со 158 бода предност во однос на второпласираниот Даниел-Андре Танде од Норвешка.
17-годишниот словенечки вундеркинд е главен фаворит пред познатата новогодишна турнеја која годинава слави јубилеј од 65 години. Дали Домен Превц ќе успее да се избори со драматичниот притисок ќе видиме веќе од утре во Оберстдорф.
Минатата година убедливо најдобар беше постариот брат на Домен, Петер Превц а интересно, во финалето на последната скокалница во Енгелберг скокаше и средниот од браќата, Цене Превц. Тие имаат и сестра, Ника Превц која што се занимава со скијање.
„Често ме прашуваат за притисокот, но јас секогаш сум опуштен, не знам зошто сега би имал посебен притисок. Ова се само четири скокалници о многуте во сезоната“, изјави помладиот од браќата Превц во пресрет на натпреварувањето.
Обложувалниците веќе го промовираа Домен Превц во главен фаворит. Реномираниот Bwin за победа на чудесниот Словенец излезе со коефициент 2.50. Втор фаворит е Даниел Андре Танде со коефицент 6.00, а Полјакот Камил Штох има коефицент 6.50.
На последните скокови во швајцарскиот Егелберг, Домен Превц триумфираше а тоа беше негова четврта победа сезонава и воопшто во кариерата. Домен во Швајцарија скокна неверојатни 144 метри и сега има 540 бодови во генералниот пласман на Светскиот Куп пред Даниел Андре Танде од Норвешка кој има 382.
Рекордниот скок на 17-годишниот Домен Превц:
Распоред на турнејата:
Четврток од 16:45
Оберстдорф (Германија), квалификации
Петок од 16:45
Оберстдорф, првото натпреварување на турнејата
Сабота од 14:00
Гармиш-Партенкирхен (Германија), квалификации
Недела од 14:00
Гармиш-Партенкирхен, второ натпреварување на турнејата
Вторник, 3 јануари од 14:00
Инсбрук (Австрија(, квалификации
Среда, 4 јануари од 14:00
Инсбрук, трето натпреварување на турнејата
Четврток, 5 јануари од 16:45
Бишофсхофен, квалификации
Петок, 6 јануари од 16:45
Бишофсхофен, четврто натпреварување на турнејата.