Во фантастичен боксерски спектакл пред 90.000 луѓе на легендарниот стадион во Лондон, британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Владимир Кличко во 11. рунди и стана нов светски првак во тешка категорија.
Одамна се нема појавено некоја монтажа со легендарниот коментар на Игор Трпески кој одлично се лепи на многу мајсторски кошеви и голови од далеку. Најновата верзија ја има виолинистот Илија Филиповски - Ледезма од група Маестро кој неодамна го организираше и вториот фудбалски турнир меѓу музичари од Македонија. Фелш со десна во агол за сите пари.
Италијанскиот велосипедист Микеле Скарпони кој е шампион на Џиро д’Италија во 2011-та, во саботата настрада трагично. Од него се простиле сите блиски пријатели, роднини и колеги, но и неговиот верен другар - папагалот Френки.
Романецот Илија Настасе, на времето еден од најдобрите светски тенисери, сите трофеи и успеси ги фрла во вода со идиотско, расистичко, сексистичко и скандалозно однесување.
Ѓорѓи Иванов од екипата на Систина со 7 гола е најдобар стрелец на колото во Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Раде Кончар.
Германската полиција синоќа уапсила Русин со германски пасош поради основано сомневање дека на 13. април го организирал бомбашкиот напад. Причина? Сакал да профитира на берзата од падот на акциите во Дортмунд а го осуетила банка.
Екипите на Раде Кончар и УНИКА стигнаа до победи во вториот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Сава Осигурување и Еуролинк одиграа без победник.
Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 4 гола е најдобар стрелец во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Окта.
На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.
По 10 фудбалски денови исполнети со многу дружење, забава и танц со топката, заврши второто издание на „Музичкиот Куп 2017“. Публиката во спортскиот центар Аеродром уживаше на вкупно 196 голови постигнати на 26 средби.
Со Print Smooth нашата цел беше да се пронајде рамнотежа меѓу удобност што нема да ги намали перформансите и прилагодливост на моделот на различни видови на трчање.