Јужноафриканецот Золани Тете за само 11 секунди го патосираше Сибонизо Гоња во борбата за титулата светски првак по верзијата WBO (Светска боксерска организација). Тете со првиот удар го нокаутирал противникот и станал шампион во лесна категорија. 11 секунди е нов рекорд. Претходниот го држел Даниел Хименез кој во 1994 година го нокаутирал Харалд Гајер за 17 секунди.