Разно

Најубавите места на релито ’Патот на свилата’

Меѓународниот рели маратон ’Патот на свилата’ (Silk Way Rally) е годишно рели коешто се вози од Русија, преку Казахстан до Кина.

Мајка е мајка па и на тениски терен

Пати Шнидер е швајцарска тенисерка која и на свои 38 години игра по разни турнири на кои доаѓа и нејзината мала ќеркичка. Пети ја гледа дури и меѓу сервисите и гемовите.

Фелпс не се тркаше со бела ајкула, Дискавери измисли

Со недели најавуваа страшна, невидена, неверојатна и шокантна трка во која на ајкулата не ѝ е гајле за медалите на Фелпс, но на крајот публиката разочарано констатираше дека гледале монтажа а не трка.

Најлудиот момент во историјата на Формула 1

Во квалификациската сесија пред трката за Големата Награда на Ксерез во Шпанија 1997-ма, лутите ривали Жак Вилнев и Михаел Шумахер, како и Хајнц-Харолд Френцен направија нешто што се гледа еднаш во милион години.

Кога и каде сè плачеше Роџер Федерер

Еден од најголемите спортисти на сите времиња е човек којшто многу емотивно ги доживува сите победи и порази, што е сосема нормално. Во кариерата плачеше од среќа, но и од тага.

Тајгер Вудс - 120 љубовници, развод од 100 милиони и влез во специјалци

Еден од најголемите спортисти во историјата, Тајгер Вудс е човек за кој може да се сними типичен филм што носат а што земаат славата, моќта и милијардите долари богатство.

Најдобра финта за велосипедска трка

Во пресрет на најтешката етапа на 104. издание на Тур де Франс која што се вози денес и која е најава за финишот во Париз, го поздравуваме велосипедистот кој знае како да претекнува.

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola отворија Активна зона во Штип

Зоната со најсовремена фитнес-опрема и 5 професионални фитнес-справи ќе им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

2017 а Роџер игра како во младоста

Скоро и да нема рекорд кој не го поставил, срушил или има намера да го надмине. Кои се најважните достигнувања во кариерата на Швајцарецот?

Најдобрите потези на Федерер на Вимблдон 2017

За многумина најголемиот на сите времиња, Роџер Федерер на убедлив начин го победи Марин Чилиќ во финалето на престижниот Вимблдон каде стигна после неколку маестрални потези. Уживајте.

Сте слушнале ли за државно првенство во туркање со прсти

Во ситуација кога фудбалот и кошарката мируваат преку летото, Англичаните се занимаваат со едно од најчудните некогаш измислени натпреварувања, туркање со прсти на нозете.

Никој како него - Федерер го прослави својот осми трофеј на Вимблдон

Роџер Федерер со право го носи епитетот Кралот на Вимблдон затоа што попладнево по осми пат во кариерата славеше на лондонскиот Гренд Слем, против Марин Чилиќ 3:0 во сетови 6:3, 6:1, 6:4.

Хрватот кој стои меѓу маестро Федерер и пехарот на Вимблдон

Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.

Доживеј го УЕФА Супер Куп финалето, заедно со Sport Vision и MasterCard

Sport Vision и MasterCard ќе израдуваат 5 фудбалски фанови со по 2 карти за финалето,потоа сет на црвен и жолт картон потпишан од официјалниот судија на натпреварот, 50фудбалски топки, 20 шишенца за вода и 10 вредносни ваучери кои ќе може да сеискористат во сите Sport Vision продавници.

Од риалити шоу до полуфинале на Вимблдон

Американецот Сем Квереј втора година по ред го елиминира светскиот рекет број еден од Вимблдон. Лани Ѓоковиќ сега Мареј и првпат во кариерата ќе игра во едно полуфинале на Гренд Слем.

Зошто на врвот од пехарот на Вимблдон има ананас

Престижниот турнир влегува во самата завршница а круна на сите анегдоти поврзани околу Вимблдон секако е ананасот на врвот од вредниот пехар.

Мекгрегор и Мејведер се закачнаа на промоција

На официјалната промоција на мечот ’Борба на векот’, Флојд Мејведер и Ирецот Мекгрегор се внесоа лице во лице еден со друг и како снаа и свекрва се надвикуваа. Дали е ова дел од сценариото за публика или двајцата стварно не се поднесуваат, останува да видиме. Борбата е на 26 август во Лас Вегас каде за првпат во историјата ќе боксуваат шампион од УФЦ и боксерски првак.

Олимпијадата 2018 во Северна Кореја?

Иако нам ни делува светлосни години далеку помирувањето меѓу Јужна и Северна Кореја, двете земји имаат еден куп заеднички појавувања на големите спортски настани и тоа под обединето знаме, а еднаш освоиле и златен медал на Олимпијада.

Рафаел е голем и во поразот

Иако е дел од витешката традиција на Вимблдон поразениот да го чека победникот заедно да излезат, ретко кој од тенисерите се држи до оваа пракса па нервозно ги собира парталите и заминува во соблекувалните. Не и Надал.

Најдобриот гем на Вимблдон досега

Првото изненадување на турнирот и тоа најголемо го направи ветеранот од Луксембург кој го совлада Рафа Надал во пет сета. Нивниот меч кој траеше 4 и пол часа го донесе и најатрактивниот поен.

Кој е ветеранот од Луксембург кој го елиминираше Надал

34-годишниот Жил Милер во трилер-меч кој траеше 4 часа и 47 минути го совлада Рафа Надал во 4. коло на Вимблдон 6:3, 6:4, 3:6, 4:6, 15:13.

Дали се тенисерите премногу платени?

Најчесто прашање кое се поставува во тениските кругови се спорните предадени мечеви уште во првото коло каде играчите доаѓаат неспремни и повредени, но се појавуваат само за да земат дел од хонорарот. АТП ги смени правилата и годинава воведе експеримент.

Позадината на терористичкиот напад на Олимписките Игри во Германија

Летната Олимпијада 1972 во Минхен завршила трагично откако терористи убиле 11 израелски спортисти. Ден-денес се поставуваат многу прашања.