Волкановски на тронот на УФЦ

Австралиецот со македонско потекло се искачи на првата позиција на ранг листата на УФЦ во најдобрата категорија кило за кило.

Александар Волкановски, кој е шампион во перолесна категорија, сега е број 1 на листата кило за кило откако го помина Камару Усман.

Нигериецот падна на четврто место зад шампионот во средна категорија, Израел Адесанја, како и прворангираниот во лесна категорија, Чарлс Оливеира.

Усман имаше серија од 19 победи во низа од кои 15 во УФЦ, но викендов се соочи со неочекуван пресврт откако беше нокаутиран од Леон Едвардс и тоа на помалку од една минута до крајот.

За Британецот Едвардс, инаку роден во Јамајка ова е деби пласман во најсилната конкуренција на ранг листата со пласман на шеста позиција.

Инаку Волкановски во последните 12 месеци го намалуваше јазот меѓу себе и Усман, а на почетокот на минатиот месец пред полна сала во Лас Вегас по трет пат во кариерата со совлада најголемиот ривал Макс Холовеј.

Откако е основано УФЦ, ниту еден борец никогаш три пати не совладал еден ист ривал во битка за титулата.

Кој е Македонецот кој освои светска титула во УФЦ?

23 август 2022 - 10:05