
Никола Јокиќ, актуелниот МВП на НБА лигата иако постигна 20 поени со 16 скока сепак имаше три негативни рекорди во доигрувањето за титула. Ги промаши сите 11 шута за три поени, имаше дури осум изгубени топки што е не баш својствено за трикратниот МВП првак.
Повторно спасител на Нагетс беше Ерик Гордон кој пак постигна исклучително важна тројка овојпат за продолженија. А таму конечно заиграа Џамал Мареј и Мајкл Портер Џуниор кои покажаа колку би можеле да му помогнат на Јокиќ само ако играат на ниво.
Лоша вечер имаше и најдобриот кошаркар на Оклахома Сити Тандер и кандидат за МВП наградата, Шеј Гилџес Александер кој постигна 7/22.
Кај Нагетс Џамал Мареј беше најефикасен со 27 поени и 8 скока а Арон Гордон додаде 22 поени со 8 скока. Јокиќ на крајот имаше 20 поени со 16 скока, 6 асистенции но и 8 изгубени топки. Во тимот на гостите Џејлен Вилијамс беше прв стрелец со 32 поени, Чат Холмгрен стигна до 18 поени и 16 скока а Хартенштајн додаде дабл-дабл со 10 поени и 10 скока.