
Димитар Илиевски-Мурато беше член на југословенската алпинистичка експедиција „Еверест 89“ која што ја предводеше врвниот хималаист Јован Попоски од Скопје.
Мурато бил активен член на ПСК Пелистер од 1968-ма а успешно учествувал во неколку значајни експедиции како: Анди '82 - искачување на врвовите Уаскаран и Уалка Уалка во Перу, Памир 84' - искачување на врвот Комунизам во Памир и Манаслу '86 - искачување до 7.500 метри на хималајскиот гигант Манаслу.
Во негова чест ПСК Пелистер секоја година организира традиционален меморијален марш на Пелистер а ќе има и годинава 36-ти марш. На Пелистер е поставен споменик во негова чест на Копанки а исто така по него е наречен и планинарскиот дом „Димитар Илиевски - Мурато“ кај Големо езеро на 2.218 мнв. Во Битола по него е именувана и една улица.