Гуга Фудс, следен од 5,2 милиони луѓе на Јутјуб, го седнува Александар Волкановски да проба бифтек спремен на три начини, кој изгледа брутално добар. Едната верзија е со сол, втората со тони намаз од лук од кој бифтекот не ни се гледа и третата лук плус чили сос. Ако не сте ручани, ќе си направите проблеми со видеово.