Волкановски е неприкосновен крал во УФЦ, ја одбрани светската титула

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. 

Foto: x.com/ufc

Австралиецот со македонско потекло имаше комплетна доминација против Бразилецот Диего Лопез. Судиите ја потврдија неговата надмоќ со бодови 49:46, 49:46 и убедливи 50:45.

Шампионот покажа прецизни удари и фантастична работа со нозете низ целиот меч во пет рунди, а истиот противник го совлада и во Мајмаи.

Волкановски стигна до 28-та победа во кариерата и трета во последните шест борби. Ова е негов осми триумф во битките за светската титула.

На 37 години тој е највозрасниот шампион во историјата на оваа категорија. 

2 февруари 2026 - 09:34