Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Македонските инженери бараат одговорност за 54 милиони евра

9 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во емисијата „Аргумент плус“ министерката за енергетика, Сања Божиновска, меѓу другото, изјави: „Кога дојдов, најдов само фактура која што е изготвена врз основа на договор каде што нашата држава има закупено долгогодишен капацитет од 15 години и таа фактура месечно изнесува 300.000 евра за закуп на преносен капацитет. Тоа не се користи... Сме закупиле капацитет за пренос и тој не се користи, сега за сега ги плаќаме месечно овие 300.000 евра. Нив ги плаќаме веќе една година сигурно, а ќе ги плаќаме 15 години. Тоа е сериозен договор потпишан на 15 години. Парите ги даваме на тој што го продава капацитетот – на систем операторот. Мислам дека не може да се раскине овој договор. Тие што го правеле договорот можат да појаснат што мислеле тогаш со закуп на овој капацитет...“

  • Според кажаното, државата веќе една година плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на преносен капацитет од 1,8 TWh годишно. Се работи за закуп на правото на користење на дел од гасоводната мрежа за транспорт на природен гас во период од 15 години, а кој капацитет не се користи. Ова значи дека досега се потрошени најмалку 3,6 милиони евра, со обврска да се исплатат вкупно 54 милиони евра во наредните години, притоа без било каква јасна правна, енергетска или економска оправданост.

  • Инженерите на Република Македонија бараат обвинителството да отвори предмет и да ја информира јавноста дали и какви дејствија се преземаат за утврдување на евентуална одговорност на надлежните лица кои го склучиле договорот, како и на оние кои знаеле, а не пријавиле.

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Музеј на современи вазали

Македонштина
4

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
5

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
4

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
5

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
8

Важна информација за битолчани

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сам себе го терцирал

Повели Стеф

Најлегендарното видео парче за македонската кошарка

Платена политичка порака

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy