После пет целосни рунди, Волкановски славеше пред полна сала во Лас Вегас откако заслужено собра повеќе поени а по борбата изјави дека цел му е да се натпреварува во лесна категорија и да јуриша кон втор појас во кариерата.
По мечот, Волкановски откри во тунелот дека се борел со скршена рака во втората рунда. „Не е добро. Сигурен сум дека е скршена. Знам кога нешто ми е скршено. Ја скршив во втора рунда“, се насмеал Волкановски кој додаде и дека веќе никој не може да сомнева во него.
Volkanovski broke his hand in the first round?!?!? #UFC276 pic.twitter.com/FH5UmeoABE
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 3, 2022
После борбата меѓу старите ривали, култниот Џо Роган изјави: „Изгледа како да Волкановски е побрз од кога и да е, и изгледа како Макс да чекор зад него. Дури чекор поназад во однос на претходниот настап“.
Алекс доминирал во текот на првите две рунди, задал повеќе удари со обете раце, а клучен момент бил кога со лакт го расекол противникот.
По доминацијата во првите три рунди на Волкановски, на Холовеј му требало чудо во четвртата за да евентуално поентерски го стигне Александар, но до крајот не се случило ништо спектакуларно и Австралиецот со македонски корени заслужено ја одбранил титулата.
Волкановски сега има учинок 12-0 и е непоразен во октагонот а со третиот триумф по ред над Холовеј, со едногласна одлука на судиите, докажа дека е број 1 во оваа категорија.
Во целата професионална кариера, Алекс има 25 победи и само 1 пораз на самиот почеток на борбените предизвици.
Волкановски исто така стана и четврт борец во историјата на УФЦ со дури 12 победи по ред без пораз по легендарните Камару Усман, Хабиб Нурмагомедов и Андерсон Силва. Откако е основано УФЦ, ниту еден борец никогаш три пати не совладал еден ист ривал во битка за титулата.
Главна борба на вечерта беше онаа меѓу Израел Адесања и Џаред Каноние. Нигериецот после пет рунди го одбрани шампионскиот појас во средна категорија.