Вилаш-Боаш се откажал од милиони во Кина за да вози рели Дакар

Ако случајно го изгубивте од вид Андре Вилаш-Боаш после Зенит, сигурно претпоставувате дека заработува милиони, дека е добар, и сè му цвета...

Последната година португалскиот тренер ја помина во кинескиот клуб Шангај СИПГ и по пишувањето на Sky Sport Italia, заработувал околу 12 милиони евра годишно.

Практично веднаш по преминот на Вилаш-Боаш во Кина, таму се изгласа укинување на лимитот за странци и се спроведе моќниот проект за развој под кој ги купија Оскар и Халк. Во септември Андре го дисквалификувале на 8 меча поради напад на судија и станало сосема извесно дека тој се откажал од живот во Кина.

Отако го презеде кинескиот Шангај СИПГ на 4. ноември 2016 и заврши втор минатата сезона, точно една година подоцна Вилаш-Боаш реши да не го продолжи договорот на уште една година и да оди да го вози најтешкиот професионален рели маратон Дакар. Оваа трка стартува на 6. јануари во Перу, продолжува во Боливија а завршува на 20. јануари во Аргентина. 15 дена со 14 екстремно тешки етапи за возење по лоши услови.

Вилаш-Боаш сакал да настапи на Рели Дакар на моторцикл, но стариот пријател Алекс Дорингер кој е менаџер на екипата KTM, го наговорил да се откаже од ризичниот експеримент.

„Ми кажа дека морам цела година да тренирам за добро да настапам. После тоа го контактирав тимот Overdrive и еве ме тука“, раскажал Вилаш-Боаш кој ги водеше Челси, Тотенхем и Порто.

Голем плус во оваа ризична авантура е што моторциклистите секогаш одат сами илјадници километри во најтешки услови, а возачите со џипови имаат помошник на совозачко мест. Вилаш-Боаш ќе управува Toyota Hilux, а негов асистент ќе биде најдобриот португалски мотоциклист Рубен Фарија кој во 2013-та го освои второто место на Дакар во категорија моторциклисти.

Андре скоро станал професионалец а неговата екипа Overdrive не е меѓу фаворитите: во идеални и стабилни услови овој тим практично невозможно е да им биде конкурент на гигантите Peugeot или Volkswagen, но убавината на Рели Дакар е во непредвидливоста. Дури и најмоќната екипа може да настрада од природата и да изгуби.

***

Вилаш-Боаш се навлекол на мотоспорт од детството и долго време учествувал во португалските трки. Едно време прекинал да вози поради професионалната тренерска кариера во фудбал.

Кога стана главен тренер на Челси, Вилаш-Боаш раскажа дека моторот му помага да се „испразни“ од постојаната работа. Најмногу од се тој сакал да се трка на португалски трки. Додека го водеше богатиот Зенит, Вилаш-Боаш еднаш бил на трка во Санкт Петербург каде возел клупскиот фотограф Вјачеслав Евдокимов.

Во Португалија Вилаш-Боаш имал цела колекција класични автомобили и мотори: „Се што се движело некогаш на пат е моја страст. Во Португалија се произведе една машина UMM. И јас го имам моделот од 1987-ма“, изјавил еднаш Португалецот за ’Наш Зенит’.

Првиот мотор во животот му била Yamaha XT 350cc, а подоцна ги возел класичните модели Honda и KTM. Уште на 10-15 години зборувал дека животна желба му е да настапи на најжестокиот рели маратон на светот а за тоа зборуваше и додека работеше во англиската премиер лига.

„Дакар е моја амбиција и цел цел живот. Знам дека морам да ја поминам рутата. Тоа не е само страст туку судбина. Дали за 5, 10 или 15 години ќе ја помина“, рекол Андре порано кога бил тренер во татковината.

Инако желбата му е поврзана со семејна историја: чичко му на Вилаш-Боаш, Педро три пати возел Рели Маратон.

Минатата година Вилаш-Боаш учествувал во најголемата мото-трка во Португалија во средна категорија Baja Portalegre 500 и финиширал 69-ти - сосема достојно за човек кој цел живот е опкружен со фудбалска тактика.

Но јануарскиот Дакар треба да биде врв во неговата рели кариера.