Азаренка е една од ретките во светот на тенисот која му дава отворена поддршка на Ѓоковиќ и јасно кажува со што тој се соочува.
„Во машкиот тенис сметам дека Ѓоковиќ не го добива третманот кој го заслужува. Роџер и сета таа негова елеганција, неверојатен е, мислам дека е најталентиран од ’Големата тројка’. Рафа е борец и има големо срце. Но умот на Новак?! Не сум видела такво нешто кај ниту еден друг спортист. Навистина сум импресионирана.
🎙️ Vika on the male GOAT (Part 1)
— Jay (@theoverrule) July 13, 2023
"Djokovic doesn't get the credit he deserves. Roger is the most talented from the big three. Rafa is a fighter, full heart. Novak's mind? I don't think any athlete I've seen. Some criticism he brings on himself. I'm really amazed by him." pic.twitter.com/HyTwOPdoDN
Можам да видам кај Новак една источно-европска дисциплина и работна навика. Ѓоковиќ беше етикетиран како негативец многу пати. Постојат двојни стандарди. Во моите очи и во очите на другите претпоставувам, Роџер не може да направи грешка, Рафа не може да згреши. Сите ги поддржуваат. А Новак постојано се качува по угорница. Забележав, можеби грешам, кога беше млад сакаше да биде сакан од јавноста а сега мислам дека не му е гајле“.
🎙️Vika on the male GOAT (Part 2/2)
— Jay (@theoverrule) July 13, 2023
"Djokovic been painted villain so many times. There's double standard. He needed to do so much more than Roger/Rafa (to maintain a good image). He's always climbing uphill.
When he was younger he wanted to be likeable, now he stopped caring." pic.twitter.com/zLF11EFM1V