Таткото на тенискиот бисер Хамад раскажа како Новак Ѓоковиќ направил врвен гест

Деветнаесет годишниот Хамад Меџедовиќ во моментов важи за голем талент во Србија и пред неколку дена го освои првиот важен трофеј во кариерата, на турнир во Луденшајд (Германија). За Хамад јавноста дознава сега кога татко му откри колку многу им помогнал Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во време и пред глобалната пандемија правеше се што е во негова моќ да ги помогне колегите тенисери и тенисерките кои во пандемиски услови останаа без предвидени заработки од турнирите и турнејите.

Имаше многу примери на луѓе кои јавно зборуваа за несебичната помош на Ѓоковиќ, а сега отворени прозборува и Елдин Меџедовиќ, татко на тенискиот бисер од српски Нови Пазар, Хамад Меѓедовиќ.

„Се сеќавам на вториот разговор што го имав со Новак, зборувавме за некои конкретни чекори во кариерата на Хамад. Ноле ми даваше идеи, што и како да правам со играта на Хамад, а се сеќавам дека му реков: „Ноле, извини, но работите за кои зборуваш чинат баш многу пари!“ А тој само продолжи да зборува за тренерите како да не ме слушна, што и дали ќе правиме и како, а потоа рече: „Сè што треба да направи Хамад е да работи напорно, јас ќе се погрижам за останатото“. Повторно му реков: „Ноле, тоа чини многу.“

Во тој момент, Новак ми рече: „Едо, не го правам ова за пари! Моите пари ги заработувам на друго место, мојата улога овде е да помогнам. Каков човек би бил јас кога не би им помогнал на оние што го заслужуваат тоа, кои сакаат тенис и – згора на тоа – постигнуваат добри резултати?“ Само стоев таму и тој додаде: „Знаеш што ќе правиме? Еден ден, кога Хамад ќе успее, вие ќе земете некого под закрила и ќе помогнете на ист начин.

Не потрошивме ништо, а верувајте ми, тоа не е малку во светот на тенисот, напротив. Замислете, најдобриот играч на светот го повикува моето дете да работи заедно во претсезоната, тоа е како Меси или Роналдо да ви кажат: „Ајде да играме фудбал“ или „Кажете ми ако ви треба нешто“. Вакви работи се ретки во денешниот свет, но фала му на Бога, сè уште има луѓе кои не се грижат само за парите, туку за човечката страна на нештата“, раскажа таткото на Меџедовиќ.

27 јули 2022 - 15:51