Татко му на Надал му сугерираше да прекине и да го батали мечот

Себастијан не е толку често присутен на трибините кога игра син му Рафаел Надал. На Вимблдон сега Надал-постариот е активен, навива, гестикулира, пружа поддршка колку го држи глас. А во четвртфиналето со Американецот Фриц, во еден момент по крајот на првиот сет и почеток на вториот кога Шпанецот се пожали на силни болки во предел на стомакот и побара медицинска помош, татко му му викаше да го батали мечот.

Шпанецот одново ја импресионираше светската јавност откако се крена и по изгубен прв сет, се врати и на крајот славеше со 3-2 во сетови. Сега е неизвесно во која мера ќе биде спремен за полуфинале со разгоропадениот Кирјос.

Шоу на Надал и Фриц со 25 удари

7 јули 2022 - 12:58