Светски познати спортисти во спомен на убиениот Флојд

Големата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд, англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е само еден во низата спортисти кои бараат правда за убиениот Џорџ Флојд поради кој Америка веќе неколку денови е во пламен.

Главна тема во САД е смртта на 46-годишниот Џорџ Флојд. На 25 мај афроамериканецот бил задржан од полицијата во Минеаполис која што ја викнал некој продавач кој пријавил дека Флојд наводно му дал лажна банкнота од 20 долари.

Полицаецот Дерек Шовин заедно со колегите тргнале да го приведат, а Шовин во еден момент го соборува Флојд на земја и со колено му го притиска вратот со цела сила.

Во таква положба го држи Џорџ повеќе од седум минути, а видеото на кое Флојд вика не можам да дишам се рашири по интернет. Четирите присутни полицајци се отпуштени од работа следниот ден, но од тој момент во Минеаполис а после и во целата земја траат насилни протести и судири со полицијата.

На 29 мај Шовин го уапсиле и покренато е обвинение за убиство. Но нередите во американските градови беснееа неколку дена.

Спортскиот свет исто е револтиран и бесен.

Џејдон Санчо, ѕвездата на Борусија Дортмунд, после еден гол против Падерборн (победија 1:6, Санчо даде три гола) синоќа во Бундеслигата, го соблече дресот и покажа маичка со натпис: „Правда за Флојд“! Судијата, според правилата му покажа жолт картон на англискиот репрезентативец (не смее да се соблекува дресот).

Истото го направи и најдобриот фудбалер на Борусија по враќањето од паузата, бекот Ашраф Хакими кој е позајмен од Реал Мадрид. Тој ова коло не постигна гол, но покажа иста порака како Санчо:

Во саботата напладне Шалке играше против Вердер Бремен. Фудбалерот на домаќините Вестон Макени играше со лента околу раката на која имаше ракописен текст Justice for George (Правда за Џорџ)


Килијан Мбапе, најдобриот млад фудбалер на светот, објави твит со таков хаштаг

На социјалните мрежи убиството на Флојд го осудија Рио Фердинанд и Ектор Белерин.

НБА суперѕвездата Леброн Џејмс објави фотографија на која на едната страна стои полицаецот кој го убива Флојс а на другата поранешниот квотербек на Сан Франциско Колин Каперник. Овој ФНЛ играч седна на колено во 2016-та година за време на интонирање на американската химна со што сакаше да изрази протест против расната нееднаквост во САД. „Сега сфаќате? Или уште не ви е јасно“?, напишал Леброн.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Do you understand NOW!!??!!?? Or is it still blurred to you?? 🤦🏾‍♂️ #StayWoke👁

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Овој гест го повтори и Маркус Турам (син му на легендарниот Лилијан од Парма и Јувентус), кој игра за Борусија Менхенгладбах. Турам-помладиот постигна гол против Унион Берлин и клекна на едното колено: „Не е потребно објаснување“, пиша официјалниот Твитер профил на германскиот клуб под сликата.

Инаку татко му на Маркус, Лилијан Турам кој долги години играше за Франција, по завршувањето на кариерата влезе во политика и се придржува до левичарски идеи. Така Лилијан се залагаше за легализација на истополни бракови, ги бранеше правата на црнците во Франција и се бореше за затворање на зоолошките паркови. Турам стана и амбасадор на UNICEF и поддржа многу кампањи во борба против расизмот: