Неговата неостварена желба, стана реализирана цел како што посакуваше, на празникот Голема Богородица.
Со овој неверојатен подвиг Марко на само 16 години ги комплетираше сите 10 препливувања во едно лето во должина од 250 километри.
Почна на 12 јуни на релација Радожда - Охрид во должина од 14 км и секој викенд ги зголемуваше, за денеска да ги заокружи со 64 км пливање на делницата Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид со време од 21 час, 41 минута и 48 секунди.
За јуначкиот подвиг да биде поголем, ќе потврди официјалниот набљудувач Миле Јовановски кој вели дека Марко поради здравствената состојба, 99 проценти работи само со раце, а нозете само ги одржува.
Тоа се должи на инфарктот на колкот кој го добил за време на операцијата на тестиси.
Марко Пејчиновски пред точно 4 години, стана прв Охриѓанец кој го преплива Охридското езеро после 50 години.
Тоа го стори за 8 часа и 45 минути и тоа на само 12 годишна возраст, на немирно езеро со бранови и силен ветер на релација Св.Наум - Охрид.