Скопје го доби вториот Nike store

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во проширена понуда и нови модели кои досега не беа достапни на нашиот пазар, во простор со мултимедијална комуникација на понудите и врвен дизајн на ентериерот и осветлувањето.

Во Скопје, 29 октомври 2021 година во East Gate Mall е отворена втората продавница на Nike во Македонија, која според опремата и иновациите не заостанува зад продавниците на Nike во најголемите светски метрополи.

Претставен е најновиот концепт на Nike, со уникатна понуда од различни категории, со акцент на женскиот тренинг, но и трчањето, спортската опрема, кошарката како и детската облека. Новиот Nike Store ќе стане главна дестинација за тркачите, што беше во фокусот на Nike во изминатите неколку години, но секако ќе биде актуелно место и за девојките кои активно се занимаваат со тренинг, како и за сите луѓе кои се љубители на брендот Nike.

Со отворање на втората Nike продавницата, Скопје се најде на листата на светски градови кои имаат привилегија да имаат повеќе од една Nike продавницa. Сите љубители на брендот ќе имаат можност да искусат ново шопинг искуство според најсовремените светски стандарди.

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во проширена понуда и нови модели кои досега не беа достапни на нашиот пазар, во простор со мултимедијална комуникација на понудите и врвен дизајн на ентериерот и осветлувањето...

Nike Store ќе биде нова дестинација за патики каде што обожавателите на Nike ќе имаат можност да ги најдат најновите модели кои ќе бидат достапни и во европските градови.

Комерцијален текст

 

29 октомври 2021 - 12:41