
Ова беше 9-ти меѓусебен дуел на Синер и Ѓоковиќ а 21-годишниот Италијанец има 5 победи, Новак славеше 4 пати.
Првиот светски играч Јаник Синер во недела во големото финале ќе игра против Карлос Алкараз кому во четвртиот сет од полуфиналето натпреварот му го предаде Лоренцо Музети.
„Имам впечаток дека добивам повеќе поддршка генерално. За ова вечерва, вакво доживување не сум имал досега. На важен натпревар против еден од моите најголеми ривали во овој момент никогаш не сум го доживеал ова. Поради тоа и го направив тој потег, да ги оставам торбите и да им се заблагодарам на сите на стадионот на поддршката која ми ја пружија.
Јас имав инспирација, пар пати се насмеав онака, таква радост како дете се чувствував... Она што го сонуваш цел живот, играш тенис. Убаво е да се доживее тоа. Француската публика не е лесна за да застане на твоја страна ако не си Французин, така што сум многу благодарен на тоа што го добив“, вели Новак.