Швјонтек го освои Вимблдон со 6:0, 6:0

Една од најдобрите тенисерки на светот во последните неколку години, Ива Швјонтек од Полска ја освои шампионската титула на Вимблдон откако ја декласираше Аманда Анисимова од САД со 2-0 по сетови 6-0 и 6-0. Швјонтек играше како во транс а неискусната ривалка немаше никаков одговор на врвната партија на Ига. Ова е нејзин прв трофеј во сингл конкуренција на Вимблдон и стана прва тенисерка од Полска со пехар на престижниот Гренд Слем.

 

12 јули 2025 - 19:08