Прв кој се пожали и на кој организмот не му го истрпи чадот кој се шири од пожарите е Бернард Томиќ. Тој го загуби мечот од Денис Кудла со 2:0 во сетови, а во меѓувреме се пожали на проблеми во дишењето.
За време на натпреварот доби лекарска помош која му следуваше на таканаречениот медицински тајм аут. Докторот прво му даде да вдише кислород, а потоа стави слушалки на уши за да му го чуе дишењето.
Кај жените Марија Шарапова го прекина подготвителниот меч, а Далила Јакуповиќ заврши на колена на Мелбурн парк.
Словенката го доби првиот сет, но во вториот не можеше да прекине со кашлање и од страв да не колабира реши да го предаде на крај на втор сет.
„Никогаш не сум имала астма или проблеми со дишењето. Во тој момент се чувствував како да имав“, изјави Јакуповиќ
Австралија се бори со пожари уште од септември. До сега има 25 жртви и милиони, а некој дури и оди со бројка од милијарда настрадани животни.