Што би маж без жена?

Канадскиот тандем во уметничко лизгање Пајпер Гилес и Пол Пуарје е на трето место после ритам-танцот на Олимписките Игри во Милано и до крајот имаат големи шанси за медал. Но ситуацијата на мразот за нив ќе беше многу посложена да не беше врвната снаодливост и изведба на партнерката која ги спаси двајцата од казнени поени.

На Пуарје му се откачи еден дел од опремата, стегачот, што ако паднеше на мраз ќе значеше казнени поени. Но Гилес го фатила со нога и за некое чудо го држеше цел настап до крај.

На крајот среќно освоија 86,18 бодови и завршија трети со безмалку бод повеќе од Британците Лајла Фир и Луис Гибсон кои имаа 85,47. Во случај стегачот да паднеше ќе беа казнети со минус бод.

 

10 февруари 2026 - 10:50