Во време од 10 месеци, од септември 1939 до јуни 1940 година, стадионот „Ролан Гарос“ бил логор за затвореници.
Во врска со се пострашната ситуација во Европа и почетокот на Втората светска војна, француските власти тука праќале две категории „морално сомнителни“ жители: граѓани од сите непријателски земји и следбеници на комунизмот (воглавном бегалци од републиканска Шпанија).
На почеток тука на проверка праќале само мажи од 17 до 50 години но потоа горната граница ја кренале до 65 години.
Постоењето на логорот е документирано: сочувани се и преписки меѓу затворениците а дури и меѓу нацистичките офицери кои работеле во Франција и ја одредувале судбината на „Ролан Гарос“. Од јасни причини Француската тениска федерација не сака да зборува за оваа етапа од историјата на главниот стадион но горе-долу ја признаваат.
Во 2004 година директорот по култура на Ролан Гарос, Жан-Кристоф Пифо изјавил дека логорот настанал како резултат на шпиономанија која тогаш ја зафатила Франција но дека „како властите утврдувале кој од затворениците со што се занимава, ги пуштале“.
За тие ужасни 10 месеци низ „Ролан Гарос“ поминале неколку стотици луѓе (точниот број е непознат затоа што документацијата не е спроведена баш најдборо).
Дури и самиот Пифо зборувал за тоа дека на стадионот имало Германци, Австријци и Италијанци, а парискиот меморијален центар Memorial de la Shoah утврдил дека меѓу затворените имало и доста Евреи кои бегале од Централна Европа.
Сведоштва за тоа се неколку писма во кои тие се жалат на условите во логорот. На пример во едно од пронајдените и сочувани дописки пишува дека им давале само сув леб и свинска паштета која што затворените Евреи не можеле да ја јадат. На целиот стадион имало само еден галон со питка вода, а наместо тоалети по аглите имало кофи.
Во 1941 година Артур Кестлер кој од Унгарија дошол во Франција, напишал книга за животот во „Ролан Гарос“.
Во неа раскажал дека на стадионот држат 600 луѓе кои се нарекувале себе „пештерски жители“. Ги терале да спијат на мокра слама затоа што покривот протекувал а целиот стадион мирисал на измет и ѓубре. Немале никаква сончева светлина внатре.
Како што одминувале времето, после поразот на Франција во војната и окупацијата до 1940 година, „Ролан Гарос“ се претворил во специјализиран логор за евреи но Memorial de la Shoah негира оваа информација.
Од јуни 1940 тенискиот стадион одново станал она за што првично бил наменет.
***
Тениската федерација на Франција и Меѓународната тениска федерација (ITF) утврдиле дека „Ролан Гарос“ од 1940 до 1945 не се играл. Иако тенис во Париз не се играл само во 1940-та, а во меѓувреме на стадионот се организирале некои други турнири, нивната легитимност ITF не ја признава.
Во ера на колаборационистичка власт во земјата, Отвореното првенство на Франција станало затворено како до 1942 година: настапувале само Французи и некои играчи од франко говорно подрачје (Швајцарија, Луксембург и Белгија) кои играле во локалните клубови.
Но Французите се гордеат дека нивни играчи биле победници: Например шампион во 1941 и 1942 станал Бернар Дестремо кој по тениските победи бегал од окупирана Франција во Шпанија, станал тенкист, заработил повреда во грбот и два пати страдал од парчиња од граната. А по војната работел како дипломат и учествувал во решавање на Суецката криза (1956-1957) година.
Од 1943 до 1945 титулите ги собрал Ивон Петра кој војувал за Франција и во 1940-та пробал да го сопре германскиот блицкриг. Тој бил шампион во парови на „Ролан Гарос“ во 1938 но тоа не им сметало на Германците да го заробат и две години да го држат во логор.
После тоа Петра три пати победил на турнирот во време на војна (два пати го победил легендарниот Анри Коше кој тогаш веќе имал 40 години). После војната Ивон Петра го освоил Вимблдон во 1946 година и тој се смета за последниот Французин кој побегнал во Лондон.
Победничката на женскиот турнир во 1944 година, Рајмонда Вебер исто раскажала дека тениската федерација на Франција цело време ја игнорирала: „Тие ниеднаш не се потрудија да ме поканат на турнирот ниту да прашаат ништо во врска со мене“.
Освен тоа Француската тениска федерација никогаш не одговара на прашања поврзани со тоа зошто не ги признава победниците на „Ролан Гарос“ во време на војна. За разлика од нив, во Италија нималку не се срамат од фашистичкото минато.