Ред Бул не трпи многу, направи моментална смена на возачи во Формула 1

Младиот 23-годишен Лиам Лосон од Нов Зеланд е вратен назад во вториот тим на Ред Бул Рејсинг Булс каде ќе вози со големиот талент, 18-годишниот Французин Исак Хаџар. Нов партнер на големиот шампион Макс Ферстапен ќе му биде младиот Јапонец Јуки Цунода.

Тимот на Ред Бул очигледно не трпи тоа што на тимот не му тргна добро сезоната. Лосон на првата сезонска трка во Мелбурн заврши на очјаното 18-то место а на втората сезонска трка во Кина заврши 15-ти па 12-ти откако тројца возачи беа суспендирани.

После две трки прв во генералниот пласман кај возачите е Ландо Норис од Мекларен Мерцедес со 44 бода, втор е Макс Ферстапен од Ред Бул со 36 бода, трет е Џорџ Расел со 35 бода, на четврто место е Оскар Пиастри од Мекларен Мерцедес со 34 бода, а Кими Антонели од Мерцедес на петто место со 22 бода.

Следната трка викендот од 4-ти до 6-ти април е за Големата награда на Јапонија во Сузука. Таму младиот 24-годишен Јапонец Цунода ќе има свое домашно деби пред своја публика на 6-ти април.

27 март 2025 - 13:27