
Селекцијата предводена од српскиот селектор Стефан Пауновиќ во Струмица пред пристојно исполнета сала успешно ги започна настапите во Сребрената европска лига на ЦЕВ.
Ова е прв триумф на македонската женска одбојкарска селекција после цели 17 години и 8 месеци. Долго време македонската одбојкарска репрезентација речиси и да не постоеше на мапата на европските селекции.
Најдобри во победата над Луксембург беа Теа Терзиевска со 14 поени, Тамара Стојанова и Ана Фасулева со по 8 поени а кај Луксембург осум поени имаше Камила Езелин.
Сега следен дуел на македонските одбојкарки е на 1-ви јуни против Швајцарија во салата „Парк“ во Струмица од 20:00 часот со пренос на МРТВ.