Најдобриот шпански и еден од најдобрите светски тенисери во историјата ја освои 14. титула на Ролан Гарос, има 97% победи во Булоњска шума и рекорди кои не е возможно некој да ги сруши.
Рафаел Надал продолжи да ја пишува својата астрономска статистика и да прави неверојатни подвизи на Ролан Гарос. Сега има 22 Гренд слем титули во кариерата и им бега по 2 на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кои имаат по 20.
Само Надал и Ѓоковиќ ги освоија сите Гренд Слем титули по најмалку два пати.
На Ролан Гарос Рафа ја освои 14. титула а најтрофејниот тенисер после Гоелмата тројка, Пит Сампрас има вкупнно 14 Гренд слем титули во кариерата.
Освен Надал, само Федерер освојувал еден турнир најмалку 10 пати. Роџер 10 пат победуваше во Хале и Базел но тоа се турнири кои не се споредуваат со Гренд Слем.
Финалето на Ролан Гарос беше вкупно 115 меч на францускиот Гренд Слем за Рафаел кој има запрепастувачки 112 победи и само 3 порази во Париз (2/10 од Ѓоковиќ и 1/4 од Содерлинг).
Надал на Гарос совладал дури 73 различни противници. Во Париз Рафа победил дури 335 сета и изгубил само 34. На неговиот најомилен турнир Надал смо три пати играл мечеви во 5 сета и ги освоил сите три. Последен пат токму пред неколку дена, во 4. рунда против Феликс Оже-Алијасим.
Дури 4 пати Надал го освоил Ролан Гарос без да изгуби ниеден сет! Во 2008, 2010, 2017 и 2020. Во Отворената ера во машкиот тенис имало само 11 случаи кога некој играч освоил Гренд слем без да изгуби сет. Такво нешто три пати му пошло од рака на Бјорн Борг, два пати на Федерер а еднаш по Илија Настасе и Кен Роузол.
Годинава „бикот од Мајорка“ прослави 36. роденден во текот на Ролан Гарос и стана највозрасниот тенисер кој го освоил францускиот турнир и само трет највозрасен во историјата кој освоил Гренд Слем (претходно тоа им успеало на Федерер и Роузол два пати).
Надал и Ѓоковиќ имаат по 8 Гренд Слема освоени по 30-та година. Федерер има 4 Гренд Слем трофеи освоени „на стари години“.
Титулата на Шпанецот на Ролан Гарос 2022 стана историска и зошто на патот до трофејот Рафа совлада дури четири ривали од Топ10. Такво нешто на Гренд Слем им успеало само на Матс Виландер (Ролан Гарос 1982) и на Федерер (Австралија Опен 2017).
Годинава Надал првпат во кариерата ги освои првите два Гренд Слема во сезоната. Стана само шести тенисер во Отворена ера кој успеал во тоа (претходно Лејвер во 1969-та ги освоил сите во една сезона), три пати Борг, Виландер и Џим Курие победиле на првите два Гренд Слема на отворање на сезоната, а Новак Ѓоковиќ два пати.