Почнува ракометната еуфорија, да навиваме за Македонија!

Македонски Телеком и оваа година, како партнер на ракометната федерација испраќа група навивачи во Германија, кои беа избрани по случаен избор, откако точно одговорија на неколку прашања за ракомет на Фејсбук страницата на Телеком.

Денес почнува Светското ракометно првенство коешто оваа година се одржува во „најракометните“ земји во светот -Германија и Данска. Повторно нѐ фаќа еуфорија, се подгреваат очекувањата, се предвидува, се прават комбинаторики... Влегуваме во „ракометна треска“ која барем за момент ни го одвлекува вниманието од секојдневието, и нѐ прави горди што нашата репрезентација се бори за пласман рамо до рамо со најдобрите екипи.

Со години наназад, нашата машка ракометна репрезентација е главен „виновник“ за гордоста што ја чувствуваме со секој гол, секоја победа на врвните ракометни настани. Тимот е составен од професионалци кои играат за најдобрите европски екипи, идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух... На Мундијалот во Германија и Данска нашите момци ќе бидат сместени во групата Б, каде што задачата за пласман во наредната рунда на светскиот ракометен собир воопшто нема да биде лесна, затоа што ќе имаат квалитетни ривали.

Раул Гонзалез на Светското првенствоќе води подмладен тим, кој ќе се бори со: европскиот првак Шпанија, секогаш незгодната Хрватска, редовниот ривал Исланд, како и азиските селекции Јапонија и Бахреин, за кои се вели дека се „меч со две острици“.

Со вакви опасни противници, бодрењето на нашите ракометари од трибините во Минхен ќе биде голем поттик за победа.

Македонски Телеком и оваа година, како партнер на ракометната федерација испраќа група навивачи во Германија, кои беа избрани по случаен избор, откако точно одговорија на неколку прашања за ракомет на Фејсбук страницата на Телеком. Среќните фанови ќе го бодрат нашиот тим на натпреварите со репрезентациите на Јапонија, Бахреин и Хрватска.

Нам пред малите екрани ни останува да навиваме како да сме навистина во Минхен. Доаѓа она време од годината кога сите се сплотуваме, почнува ракометната треска, Светското првенство 2019. Да навиваме за Македонија!

Комерцијален текст

11 јануари 2019 - 15:04