Почина легендарниот боксер Џорџ Форман

Еден од најголемите боксери во историјата, легендарниот Џорџ Форман починал на 76 години, соопштила неговата фамилија. Форман беше поранешен двократен светски шампион и олимписки златен медалист.

Epa images
Epa images
Epa images

Форман бил роден во Тексас во 1949-та година, а пораснал во Хјустон. На 17 години почнал да тренира бокс и набрзо станал голем „уличен боксер“. На 19 години освоил златен медал за САД на Олимписките Игри во Мекиско Сити во 1968-ма.

Форман официјално ја заврши кариерата во 1999-та година со дури 76 победи и само 5 порази. Тој зад себе остави 12 деца од пет брака, има седум ќерки и пет сина а интересно е што сите синови му се викаат Џорџ Едвард Форман.

Втората титула Форман ја освоил 21 година по првата а втората се памети по тоа што станал шампион на 45 години со што е највозрасниот боксер во историјата кој освоил шампионски појас.

Форман во 1973-та година со нокаут го совладал големиот Џо Фрејзер а една година подоцна, во 1974-та со Мухамед Али во Киншаса ја водеше најпознатата борба во историјата на боксот, позната како „The Rumble in the Jungle“.

 

22 март 2025 - 08:49