Олимпискиот шампион се решил да преземе мерки поради влијанието на вирусот Зика во Бразил. Тој замрзнал сперма во пресрет на Рио 2016 од страв за вирусот кој може да се шири од заразена бремена жена на нејзиниот фетус.
„Вестите за Зика предизвикаа бескрајна загриженост и ние одлучивме да чуваме замрзната сперма од Грег. Не сме од оние кои се грижат кога нема потреба, но откако 100 експерти од медицината го истакнаа проблемот, тоа беше голем фактор во нашиот избор. Сакаме да имаме уште деца и не сакам да се ставам во ситуација која може да се спречи на време.“, вели сопругата на Грег, Сузи Верил.
Грег Ратерфорд кој инаку е европски, светски и олимписки првак во скок во далечина има син кој заедно со мајка му нема да патуваат во Рио.
Овие мерки кои ги преземаат Ратерфорд и неговото семејство доаѓаат по кусо време откако Светската здравствена организација рече дека ќе ги разгледа ризиците од одржување на игрите. Тие ги одбија повиците од 100-те водечки научници кои имаат едногласен став дека Олимписките игри треба да се преместат или одложат.
Американскиот велосипедист Тиџеј ван Гарден и голф ѕвездите Виџај Синг и Марк Лишман се повлекоа од игрите поради загриженост од вирусот на комарци што предизвикува сериозни дефекти при раѓање.
Олимпијадата во Рио се одржува од 5 до 21 август.