Од 39-та тенисерка на светот до порно индустрија

На времето играше со најголемите тенисерки на елитните турнири и важеше за една од најталентираните американски спортистки во тоа време.

Триесет и шест годишната Американка Ешли Харклроуд во 2003-та година беше 39. тенисерка на светската ранг листа и со одличен тенис им парираше на најголемите тенисерки во тоа време. Во 2008-ма година стана првата тенисерка која гола позираше за магазинот Плејбој и од тогаш заплива во други води.

Ешли Харклроуд е само уште една спортистка која се решила да тргне по друг пат. Веќе некое време таа има профил на страната ОнлиФанс каде објавува нејзини голи фотографии без цензура, а неодамна го објавила и првото домашно видео со својот сопруг.

„Ако имам следбеници кои се спремни да потрошат пет за една секси фотографија, колку далеку би можела да одам?“, сугестивно се прашува Ешли Харклероуд.

Во кариерата таа заработила меѓу 1 и 5 милиони долари а играше и на најголемите турнири против големите ривалки како сестрите Вилијамс, Ана Ивановиќ, Шарапова и други. Во 2002-ра година по 12 години на тениските терени таа ја завршила кариерата.

Инаку таа во 2006-та година се омажила за тенисерот Алекс Богомолов, а по разводот со него, по вторпат стаила во брак, овој пат со Чак Адамс, еден од нејзините тренери кој е повозрасен од неа. Тие се повеќе од една деценија во брак и имаат две деца.

 

 

20 април 2022 - 11:16