Со денешниот триумф во големото финале, Новак Ѓоковиќ го освои 18. Гренд слем трофеј и на 8. март ќе го урне рекордот на Роџер Федерер по број на недели по ред на чело на АТП листата.
Иако Русинот Данил Медведев ја имаше втората прилика да стигне до прв Гренд слем пехар, Новак Ѓоковиќ рутински го совлада ривалот кој претходно 20 меча немаше пораз.
Уште на стартот Ѓоковиќ стекна предност од 3:0, но Медведев покажа дека не баш случајно стигнал до големото финале па се врати на 3:3, па 5:5. Новак имаше три сет топки на сервис на Русинот, а ја искористи третата и после 42 минути игра поведе со 1-0.
На стартот на вториот сет, Медведев направи брејк за 0-1 ама од другата страна тргна фуриозниот Новак кој со 4 гема во низа поведе на 4:1 и брзо после 77 минути тенис имаше огромни 2:0.
За разлика од претходните дуели кога успеваше да се крене (иако против далеку послабо рангирани ривали), Медведев денес во Мелбурн не можеше да се извлече од „шепите“ на Новак.
Ѓоковиќ направи брејк во третиот сет, експресно стигна до 3:0 и до крајот рутински го одработи сетот за голем триумф и 18-ти Гренд слем пехар во кариерата!
The moment @DjokerNole won number EIGHTEEN...#AusOpen @AustralianOpenpic.twitter.com/gNolP2rmKi
— Tennis TV (@TennisTV) February 21, 2021
🏆 2008
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 21, 2021
🏆 2011
🏆 2012
🏆 2013
🏆 2015
🏆 2016
🏆 2019
🏆 2020
🏆 2021@DjokerNole does it again.#AO2021 | #AusOpen pic.twitter.com/fax7I6ceKh
Претходно, во саботата, Наоми Осака, јапонската тенисерка ја освои 4-та Гренд слем титула во кариера откако во финалето на женскиот дел од Австралија Опен ја совлада Американката Џенифер Брејди со 2:0 (6:4, 6:3). Од понеделник Осака ќе биде втора тенисерка на женската ранг листа.