Луана е родена во Асунсион на 19-ти март 2004-та година. Изминатава пролет наполнила 20 години. Таа живее во САД и студира на Јужно методистичкиот универзитет во Далас. Олимписките Игри во Париз летово беа втори во нејзината кариера. Таа настапила и во Токио 2021 на само 17 години кога го освоила 28. место на сто метри пеперутка.
Немала голем успех ниту на Олимиписките Игри во Париз каде практично речиси го повторила резултатот од претходно: 29. место на истата дистанца.
Луана била толку разочарана од сопствениот настап што само час после финишот на трката на друштвените мрежи објавила дека става крај на кариерата: „Си одам од пливањето. Се тргна така како што не сакав. Од се срце му се извинувам на Парагвај. Пливање, ти благодарам за тоа што ми ги исполни мечтите, ме научи на борба, на подвиг, на упорност, на пожртвуваност, на дисциплина и многу друга. Јас ти дадов дел од својот живот и не жалам за тоа затоа што стекнав огромно искуство“, напишала Луана која што на друштвените мрежи ја следат речиси 536.000 корисници.
После оваа вест, Луана решила да остане во Париз за да навива за колегите од репрезентацијата. Но пред само неколку дена ја протерале од олимпиското село поради тоа што не преноќила во својата соба а тоа не им се допаднало на луѓето од Олимпискиот комитет на Парагвај.
„Нејзиното присуство создава неприкладна атмосфера во селекцијата. Таа по сопствена воља не останала да спие во олимпиското село“, изјавила шефот на мисијата на Националниот олимписки комитет на Парагвај Лариса Шерер.
Алонсо важи за една од најдобрите пливачки од Јужна Америка. Таа е повеќекратен државен шампион на Паргвај и држи неколку државни рекорди. Во Париз не минала незабележано нејзината убавина и атрактивност.