Чудни одлуки паѓаат на овие Олимписки игри. Парагвајската пливачка Луана Алонсо одлучи да се пензионира на 20 години, откако не ги мина квалификациите на 100 метри. Иако реши да остане во Париз за да ги бодри колегите, Олимпискиот комитет на Парагвај ја исфрли од олимпиското село со образложение дека нејзиното присуство создава несоодветна атмосфера.