Италијанецот го победи Ѓоковиќ со 2-1 во сетови: 5-7, 7-6, 6-7 и го забележа најголемиот триумф во кариерата:
🤩 JANNIK WINNER 🤩@janniksin records a first EVER win over Djokovic 7-5 6-7 7-6 to hand the World No.1 his first loss since Wimbledon!#NittoATPFinals pic.twitter.com/N6LXyV238L
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2023
Новак и на овој меч имаше мали искри со публиката иако италијанските навивачи воглавно секогаш имале голема почит за него. Но сега играше против нивниот миленик па очигледно сакаа да го попречат Новак на патот до уште еден триумф па го исвиркуваа:
Novak’s Symphony 🎶@DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/KoiejjvOeJ
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2023
Овој пораз би можел да го чини Ѓоковиќ пласман во следната фаза. Во третото последно коло Новак ќе игра против замената на Циципас, Хуберт Хуркач а има три варијанти со кои Ѓоковиќ би можел да испадне од последниот турнир во сезоната.
Секако Ѓоковиќ има и шанси да оди понатаму.
Во последното коло од групната фаза Ѓоковиќ игра против Хуркач кој влезе на местото од Циципас кој се откажа, Синер ќе се сретне со Руне.
Денеска на програмата се двата меча од другата група, Алкараз - Рубљов и Медведев - Зверев.