Македонците на Фејсбук најмногу пишуваат за Роналдо

Магазинот Тајм ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2014-та година, како и светска мапа обоена според личностите за кои се пишува на Фејсбук во земјите. Кај нас доминира Кристијано Роналдо.

На листата на највлијателни 100 луѓе во светот за 2014-та година се најдоа личности како Бијонсе, Мајли Сајрус, Барак Обама, Папата Францис и Владимир Путин, но и пет спортисти.

Помеѓу највилијателните се најдоа најдобриот фудбалер на светот за 2014, Кристијано Роналдо, тенисерката Серена Вилијамс, кошаркарот Џејсон Колинс од Бруклин Нетс кој стана првиот професионален спортист во САД кој призна дека е хомосексуалец, рагбистот Ричард Шерман од Сиетл Сихокс и новата голф ѕвезда - 17-годишната Лидија Ко.

Кристијано Роналдо ја имаше таа чест причините заради кои тој се најде на листата да ги наведе легендарниот Пеле.

„Роналдо никогаш не престанува да го дава максимумот за својот национален тим. Тој ме потсетува на мојот покоен пријател Еузебио. Тие ја имаат истата елеганција и кретивност. Би сакал да имав соиграч покрај мене како Кристијано додека јас играв", напиша Пеле за Роналдо.

Пред Кристијано Роналдо на оваа листа се најдоа и фудбалерите Дидие Дрогба (2010), Лионел Меси (2012) и Марио Балотели (2013).

Магазинот објави и светска мапа на која земјите се обележани според тоа за која јавна личност од нивната листа најмногу се пишувало на Фејсбук. На мапата доминира Кристијано Роналдо за кој најмногу се пишувало и во Македонија.

 

 

25 април 2014 - 15:10