Мајкл Фелпс се радуваше на нов олимписки рекорд како за свое дете

Французинот Леон Маршанд ја оствари најголемата двојна победа во историјата на пливањето и тоа за помалку од два часа. Фелпс е воодушевен.

Олимпискиот ненадминлив великан, Фајкл Фелпс кој има има рекордни 28 медали во пливање, го снимаа во студиото на ЕнБиСи, како во друштво на водителот ја гледа трката на 200 метри пеперутка.

Во „Ла Дефенс Арена“, домашниот пливач Леон Маршан имаше огромна поддршка од 17.000 луѓе и треба да биде горд што беше бодрен и од најголемиот.

22 годишниот Французин имаше незаборавна вечер на игрите во Париз. Прво го победи актуелниот шампион и светски рекордер Кристиф Милан во дисциплината 200 метри пеперутка.

Потоа за помалку од 2 часа се врати во базен и приреди уште еден блескав настап, освојувајќи златен медал и на 200 метри градно. И во двата наврати постави нови олимписки рекордни.

Маршан е прв пливач во последните 48 години со две злата во една вечер. Претходно тоа и успеало на Германката Корнелија Ендер, во Монтреал 1976.

„Ова е веројатно најголемата двојна победа што сум ја видел во историјата на спортот. Да победиш со 1,25, а потоа со 2,05, детето очигледно знае да плива. Тој ќе биде тука долго време и ќе прави многу врева. Гласот, навивањето, возбудата и сè што беше таму. Едвај чекам да разговарам со него за да чујам како се чувствува“.

Инаку Леон Маршан до сега има не две, туку три златни медали во Париз. Победи и на 400 метри мешано, а ќе се натпреварува и на 200 метри мешано.

Реакцијата на Американецот

Настапот се следеше на видео бим

Победата на Маршан

1 август 2024 - 11:49