22 годишниот Леон Маршан е прва француска ѕвезда во Париз, кој блесна и победи на 200 метри градно, 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано. Го покажаа на трибини на кошаркарскиот меч САД - Бразил и цела сала еуфорично го поздрави. Леброн Џејмс мислеше дека е за него.