Германската тенисерка постави нов рекорд во брзина на сервирање во женскиот тенис откако на мечот против Ана Ивановиќ на турнирот во Стенфорд, САД го удри топчето кое леташе со 131 милја или 210,8 км на час. Рекордот претходно го држеше Серена Вилијамс која сервираше со 207,6 км на час.