Легендарниот Вајда му честиташе на Ѓоковиќ: „Новаче после години пловидба пристигна до брегот“

Словачкиот тренер Маријан Вајда кој работеше со Новак Ѓоковиќ од 2006-та до 2017-та година па од 2018-та до 2022-ра, му честиташе на својот некогашен пулен кој влезе во вечноста со олимписко злато, единствено кое му недостасуваше од најголемите турнири.

Новак Ѓоковиќ во неделата го совлада Шпанецот Карлос Алкараз 2:0 во сетови 7:6, 7:6 и стигна до олимписка шампионска титула и тоа без изгубен сет.

„Нолито, мисијата е завршена! После толку години пловидба, стигна до брегот! Долгогодишниот труд резултираше со златен олимписки медал околу твојот врат. Исклучително достигнување, толку сум горд на тебе. Солзи ми потекоа кога го закуца последниот поен за победа! Им честитам и на твоето семејство и на сите членови на твојот тим“, напиша Вајда со кого започнаа најголемите тениски успеси на Новак Ѓоковиќ кој се смета практично за негов тениски татко.

Многу светски ѕвезди му го честитаа олимпиското злато на Ѓоковиќ а меѓу нив Леброн Џејмс, Паоло Малдини, Нејмар, Франческо Тоти, Крис Пол, Ерлинг Халанд, Расел Вестбрук... 

Емоции до небо во Париз, Ѓоковиќ со златен медал како круна на кариерата

Надал поштено честиташе, Федерер никаде го нема

5 август 2024 - 13:33