Емоции до небо во Париз, Ѓоковиќ со златен медал како круна на кариерата

Новак Ѓоковиќ се надмина себе си и дефинитивно е тениски Бог. Трофејот кој му недостасуваше во и онака величествената кариера со рекордни 24 Гренд слем титули, го освои на Олимписките игри и тоа на 37 години.

Ѓоковиќ го освои златниот медал во Париз откако во финалето го победи Карлос Алкараз, најголемата светска надеж од која ги загуби двете последни финалиња на Вимблдон.

И тоа го доби со 2:0, како и сите претходни рунди на Олимпијадата или во превод 6 од 6 без загубен сет. Ги елиминираше Ебден, Надал, Копфер, Циципас, Музети и на крај 16 години помладиот Алкараз.

Доказ за пеколно неизвесната битка која траеше скоро три часа е тоа што Новак и двата сета ги доби во тај брејк (7:3, 7:2).

И двајцата беа сигурни на свој сервис, но пресуди искуството на стариот волк кој на неверојатен начин стигна до златото, на свои 37 години и после операција на колено.

Тој е најстар тенисер после 1988-ма година кој успеал да го залепи златниот олимписки медал на градите. Сребрениот е за Карлос Алкарас, а бронзениот за Лоренцо Музети.

Ѓоковиќ стана само трет тенисер во историјата со Златен слем во сингл (четирите Гренд слем титули + олимписка титула).

Другите двајца се Рафаел Надал и Андре Агаси. Во женска конкуренција до тој успех имаат стигнато Штефи Граф и Серена Вилијамс.

4 август 2024 - 19:38