Следбениците на кариерата на Новак Ѓоковиќ и општо вљубеници во тенисот се единствени во ставот дека мечот со Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Синсинати е еден од најдобрите мечеви во кариерата на српскиот тенисер.
Уште долго ќе се раскажува како Новак кој доживеа топлотен удар и беше пред тотален колапс, спремен да го предаде мечот, се разбуди и направи чудесен пресврт против силниот Алкараз.
Два клучни сета Ѓоковиќ реши во тај-брејк, рулетот во кој многу тенисери се тресат и не го издржуваат психолошкиот товар.
Новак од 2007-ма до денес победил во дури 7 решавачки тај-брејкови во големите финалиња:
Во 2007-ма тогаш како уште млад и незрел, во големото финале на Монтреал го совлада величествениот Роџер Федерер во тај-брејк.
Во 2009-та во култната париска сала Берси, Новак одигра исто драматичен тај-брејк на Мастерсот во Париз со Гаел Монфис кого еуфорично во транс го бодреше цела сала:
Спектакулраен беше и неизвесниот тај-брејк со Рафа Надал во 2011-та на Мастерсот во Мајами:
Во 2013-та светската јавност гледаше и неверојатен тај-брејк меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро во Шангаи кога Новак ладнокрвно стигна до победнички поени:
Следната година 2014-та, во големото финале на Индијан Велс против Федерер, Новак Ѓоковиќ исто излезе како победник во страшно драматичниот тај-брејк:
Апсолутно сигурно е дека најлудиот тај-брејк во неговата кариера и во меѓусебните дуели со Федерер беше оној во големото финале на Вимблдон 2019-та кога Ѓоковиќ се враќаше од провалија и на крај прослави епска победа:
Финалето на Мастерсот во Синсинати со Алкараз во август 2023-та беше спектакл кој уште долго ќе се памети:
Историски триумф на Ѓоковиќ, по голема битка во врелиот Синсинати го совлада Алкараз