Козачката сабја и православната маица на шампионот Усик

Украинскиот боксер Александар Усик одново, по втор пат го совлада Британецот Тајсон Фјури и ја одбрани светската шампионска титула во тешка категорија. Усик победи по судиски поени а при прогласување на победникот носеше маица со грчки натпис: „Православие или смрт“ и на градите имаше голем ланец со православен крст, појави не баш често видени во Саудиска Арабија.

Усик победата во 12 рунди ја посвети на мајка си и на сите мајки во Украина. Тој притоа крена оригинална сабја, меч на козачкиот атаман од XVII век Иван Мазепа која што во Саудиска Арабија била донесена под надзор на музејски стручаци од Чернигов.

Сабјата на Иван Мазепа била изработена при крајот на XVII век, а Усик сакал симболично да ја прослави победата со мечот на неговиот идол од историјата.

Украинскиот боксер кој е и олимписки шампион од 2012-та година, одвреме-навреме оди и во посета на светогорските манастири а важи за верник на УПЦ.

Зошто Фјури изгледаше така лошо со Усик?

23 декември 2024 - 11:53