„Да, се случува и да има ситуации кога борецот може професионално да се бори и без надомест. На пример кога има мали организации на ситни турнири, парична награда добива само победникот, а останатите седум борци (турнирот според олимпискиот систем мора да има минимум осум борци), не добиваат никаква надомест.“
„Многу работи зависат од менаџерот на борецот, од статусот и перспективноста, од тоа каква улога добива на турнирот. Во зависност од тоа може да се потпише договор за борба со познат противник. Такви ситуации најчесто има кога борецот е познат во градот по достигнувања во другите спортови (кикбокс, борење, бокс) и сака да се проба во ММ", вели Алексеј Жернаков, познат руски ММА менаџер.
Од 1.000 до 10.000 долари
Борците кои ѝ претходат на главната борба на турнирот често заработуваат од 1.000 долари па нагоре. Во Русија и општо во Европа надоместа од 5.000 долари се смета за вредна за еден локален борец. На пример познатиот полски турнир KSW дава награда од 5.000 евра за победа на турнирот.
На турнирите Titan FC или Legacy, хонорарите се во размер од 5.000 долари за настап плус 5.000 долари за победа. Во Азија постојат различни варијанти во износите. Поголем дел од промоциите во Јапонија (освен Rizin i WSOF -GC) даваат скромни надомести. Во Кина локалните борци може да заработат доста добро, особено ако е популарен и има искуство.
Стандардниот договор со УФЦ на борецот за неговиот прв меч добива надомест од 10.000 долари плус 10.000 илјади за евентуална победа.
Западните промоции ја задржуваат границата од 10 до 100.000 долари со се даноците, и во таква ситуација 20.000 за настап плус 20.000 за евентуална победа се регуларна сума за втората или третата борба во УФЦ. Со три победи во два месеци, еден борец би можел да заработи и до 100.000 долари.
Во УФЦ исто така постои и систем на бонуси - за најдобра борба или нокаут, борецот би можел да земе и плус 50.000 долари. Во САД и во Канада данокот на заработката изнесува од 30-40% од хонорарот, во Шведска 15%, а во Ирска хонорарот се зема во целост.
„Во Русија мислам дека нема повеќе од 10 борци чиишто надомести се мерат на десетина илјади долари, секако ако зборуваме за борците во руските промоции", вели промотерот Алексеј Жернаков.
Од 100.000 до 1.000.000 долари
Хонорарот на најпопуларните борци во УФЦ со добар однос на победи/порази може да достигне и над 100.000 долари, но тешко е да се одредат критериумите на овој надомест. Али Багутинов за титулата во категорија до 56 кг добил 14.000 долари, а борачот Брок Леснар за првото учество во УФЦ заработил 250.000 долари. Боксерот Џејмс Тони прифатил да се бори во УФЦ за 500.000 долари, плус бонусите кои не се кажуваат јавно.
Холандскиот менаџер Бас Бун зборуваше за хонорарот на Фјодор Емељаненко во Јапонија кога и покрај поразот од Тсујоши Косака добил 115.000 долари но не прецизираше дали тоа е максималниот износ.