Кој би рекол: Зангиев од Стрит Фајтер играта е правен според реален борач

Виктор Зангиев (роден 26 мај 1962 во Хабаровск, СССР) бил професионален советски борец, голем шампион во неговото време и популарен повеќе на Истокот.

Речиси и да нема љубител на култната и неповторлива игра Street Fighter II за која се редеа редеци за жетони, а да не слушнал за овој култен јунак.

Некои љубеа да играат со Индиецот Далшим, познат по ударите со долгите раце и нозе, а некои беа непобедливи со Јапонецот Рај или Риу. Мал беше бројот на оние кои тврдеа и беа спремни да се кладат на ситно дека може „да ја свртат“ со Хонда или со незграпниот Бланка.

Искусните знаеа да стават жетон и без гледање да го одберат Гиле (Гајл), американскиот маринец кој имаше исто силни удари, или Кинеската Чун-Ли.

Стануваше збор за игрицата Street Fighter дизајнирана од Јапонецот Акира Јашуда од Капком.

А ликот на Зангиев, советскиот бореч е превземен од реалниот Виктор Зангиев кој бил многу популарен во Јапонија на крајот од осумдесетите и почетокот на деведесетите години.

Тој дури шест пати бил шампион на СССР (1980, 1981, 1984, 1985, 1987, 1988), а во 1981 станал и светски младински шампион на Мундијалот во Ванкувер. Во 1982-ра година го освоил и златниот медал на младинското Европско првенство.

Негов тренер и промотер бил најпознатиот јапонски борач Антонио Иноки после што Зангиев преку акробациски настапи како кечер станува мега популарен во Јапонија.

 

7 октомври 2022 - 15:54