Варијанти кои му требаат на Ѓоковиќ за полуфинале во Торино

Најдобриот светски тенисер се најде во незавидна ситуација на собирот на најдобрите 8 играчи во Торино, откако со 1 победа и 1 пораз сега би можел да испадне уште во групна фаза.

Новак Ѓоковиќ ги закомпликува работите на АТП финалните дуели во Торино. После воведниот триумф против Данецот Холгер Руне (2-1 во сетови), синоќа загуби 2-1 од домашниот тенисер Јаник Синер.

Со учинок од 1-1, Ѓоковиќ пред последното трето коло не зависи само од себе.

Новак ќе игра против Хуберт Хуркач кој влета од резервната клупа наместо повредениот Стефанос Циципас кој го откажа понатамошното учество.

Во таканаречената Зелена група се Синер, Ѓоковиќ и Холгер Руне. Во третото коло Ноле ќе игра со Хуркач а Синер со Руне.

Неколку сценарија за Новак Ѓоковиќ:

- Варијанта 1: Ако Синер победи со кој било резултат против Руне а Ѓоковиќ победи во два сета, тогаш Италијанецот оди понатаму како прв а Новак како втор во групата.

- Варијанта 2: Ако Ѓоковиќ и Руне победат во два сета, Данецот ќе биде прв во група а Србинот втор во група.

- Варијанта 3: Ако Ѓоковиќ изгуби еден сет од Хуркач, а Синер го победи со кој било резултат Руне, тогаш Италијенцот ќе биде прв а Новак втор. Со победа на Руне со кој било резултат, Данецот ќе биде прво место а Синер второ и Новак испаѓа.

- Варијанта 4: Ако Ѓоковиќ изгуби од Хуркач а Синер го победи Руне, тогаш Италијанецот е прв во група а Србинот втор. Ако Ѓоковиќ изгуби од Хуркач а Синер изгуби од Руне, тогаш Данецот оди како прв а Италијанецот како втор и Ноле испаѓа.

Решавачките мечеви се на програмата во четврток вечер.

15 ноември 2023 - 12:25