Кирјос, ај не можеш како оваа битанга

Елајас Имер има 26 години. Роден е во Шведска од родители од Етиопија. Елајас и брат му Микаел постојано се во или околу Топ100 на ранг листата.  Првиов на турнир во Салцбург по изгубен поен нервозно зарога едно топче директно во камерата за преноси и ја скрши.

Стакло се распрскало насекаде по теренот па судијата морал да се симне да ја провери состојбата на игралиштето. На крај Елајас Имер изгубил 6:4, 6:4 од Французинот Корентин Муте.

6 јули 2022 - 15:13