Карлос Алкарез се врати конечно, по пауза од 5 месеци и победи во Њујорк

После цели пет месеци пауза поради повреда, врвниот шпански тенисер Карлос Алкараз се врати на голема сцена и победи во 3 сета глатко против Роман Сајфулин: 6:4, 6:4, 6:4 на Отвореното првенство на САД.

Шпанецот Карлос Алкараз неколку пати го одложуваше враќањето на тениските терени, сакаше да се опорави во целост од незгодната повреда на десната рака на која сега во Њујорк носеше дебел стегач.

„Последните пет месеци ми беа многу тешки. Денес одново излегов на Артур Еш арената и можев да одиграм меч. Како што реков и пред турнирот, за враќање не можев да одберам подобро место од Њујорк. За мене ова е посебен турнир. Ќе се потрудам да уживам што е можно повеќе. Многу ми недостигаа и навивачи и атмосфера и натпреварувањето. Многу ми фалеше. Многу сум среќен што конечно можам пак да играм.

Имено на овој терен и го остварив својот сон - го освоив првиот Гренд слем во кариерата и првпат стигнав на прво место на светскиот рејтинг. Секогаш неверојатно топло сум примен и многу го ценам тоа. После турнирот едвај ќе чекам да се вратам тука следната година. А сега просто сакам да се насладувам на секој ден во Њујорк“, рекол Алкараз на самиот терен после победата.

 

1 септември 2026 - 12:14