Каков ден за Маркез: падна, се врати на патеката па пак падна

Осумкратниот светски шампион во Мото ГП класата, Марк Маркез имаше многу тежок ден во Херез. Возачот на Хонда два пати падна во четири кривини на својот мотор за време на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Шпанија викендов. Маркез падна во шеста кривина, се крена, се врати на моторот и ја продолжи трката, а после падна и во деветтата кривина.

За среќа останал неповреден и после двата пада а по вториот пад не продолжи да вози туку во боксот го врати неговио добар другар и поранешен тимски колега Дани Педроса и тоа на скутерче.

29 април 2022 - 16:02