Кога Карлос Алкараз убедливо го изгуби првиот сет во финалето на Вимблдон, изгледаше како и него да го чека она што ги снаоѓаше Медведев, Тим, Циципас, Кирјос, Беретини претходно.
Особено што Новак Ѓоковиќ на Вимблдон немаше пораз дури 5 години а на Централниот терен 10 години. Но Алкараз одново докажа дека е поинаков од сите тенисери во новата генерација.
Алкараз славеше со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4.
The smile says it all 😁#Wimbledon | @carlosalcaraz pic.twitter.com/s9mhueFqOx
— Wimbledon (@Wimbledon) July 16, 2023
Како му појде од рака да го совлада на Вимблдон неприкосновениот Новак?
1. Прво неколку збора за карактерот. Во ова големо финале кое ќе се памети уште долго, Алкараз покажа дека и на 20 години е психолошки силен. Особено во периодот после првиот сет во кој Новак буквално го растури. Многумина после таков дебакл во прв сет би паднале ментално но 20-годишниот Шпанец се крена.
2. Второ - период после четвртиот сет. Новак Ѓоковиќ е најсилен кога е најтесно и тоа сите го знаат во најважните моменти. Ако му се даде и мал простор веднаш напаѓа. И очигледно беше како физички му беше тешко на Алкараз после четвртиот гем но и тука успеа да се соземе.
3. Трето крајот од мечот кога требаше да одбрани брејк. Алкараз освои четири поени и со фантастичен тенис демонстрираше неколку тактики. Ѓоковиќ посебно го спомена тоа и во честитките после мечот.
4. Алкараз успеа да го исфрли Ѓоковиќ од ритам.
5. Го ублажи форхендот на српскиот тенисер така што Новка имаше се поголеми проблеми во ситуации кога требаше да го користи овој негов препознатлив удар.
6. Алкараз имаше одлична проценка и ги доби речиси сите сложени удари во движење.
7. Алкараз е познат по својот топовски форхенд но во финалето доста му помогнаа и други удари со кои го фати ритамот и го натера Ѓоковиќ да биде во расчекор со своето темпо.
8. Друга важна компонента во неделната победа на Алкараз во финалето на Вимблдон е дисциплината. Во првиот сет Шпанецот го немаше никаде. Но тој за разлика од сите противници на Новак не кршеше рекети и како одминуваше мечот стануваше се подисциплиниран.
9. Дисциплината на Карлос Алкараз се гледаше и во тоа што тој прецизно ги бираше своите препознатливи скратени удари. Од незгодни делови на теренот, не играше дроп-шотови само колку да одигра нешто туку гледаше тоа да има некаква смисла.
10. Петтиот сет повторно покажа колку незапирливи беа нападите на младиот Шпанец кој после четири часа и дваесетина минути во пет сета го доби големиот Новак Ѓоковиќ..
„Го направив ова за себе, не за тениската генерација. Беше сјајно. Да се победи Новак на врвот, во оваа фаза, да се испише историја, да го победам после десет години непобедливост на овој терен, тоа е прекрасно за мене. Нешто што никогаш нема да го заборавам, тоа е сигурно. Како што кажав, убаво е и за новата генерација исто така што им покажав дека е можно и самите да го сторат“, рече меѓу другото новиот шампион на Вимблдон, прв освен Федерер, Мареј и Ѓоковиќ уште од 2002-та година.
На Новак му остана во свој манир да му честита на сјајниот Шпанец:
Classy words from the seven-time champion.
— Wimbledon (@Wimbledon) July 16, 2023
An emotional Novak Djokovic speaks after his #Wimbledon final defeat to Carlos Alcaraz... pic.twitter.com/Lvg980Sbn8
Киксот за кој викаат дека го реши финалето
Женскиот дел од турнирот го освои 24-годишната Маркета Вондроушва од Чешка која што беше 42-рекетка на ранг листа пред почетокот на Вимблдон и направи голема сензација. Победи 7 ривалки од кои две од Топ10 (при што од Џесика Педула губеше дури и 1:4 во решавачкиот трет сет).
Во големото женско финале Маркета Вондроушова, позната по големиот број тетоважи на екстремитетите, ја совлада 6-та тенисерка на светот Онс Жабер со 6:4, 6:4.