Голема победа на Калин Ивановски за прв трофеј во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го совлада Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина во финалето на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис. Калин славеше со 1-2 во сетови после голем пресврт: 6-4, 4-6, 1-6 и стигна до првиот голем пехар во кариерата.

Осумнаесет годишниот Калин Ивановски тргна со бербата на трофеи. Денес по големиот пресврт беше подобар од 25-годишниот Кијаметовиќ од БиХ. Ривалот го доби првиот сет со 6-4, но Калин покажа одлична ментална снага и со сјајна игра прво израмни на 1-1 (6:4).

Во третиот решавачки сет, Калин како да уфрли во петта брзина и експресно го реши повозрасниот противник со 6-1.

На патот до големото финале, Калин Ивановски лесно се справи со Делаведова од Австралија (триумф 2:0), Виљосада од Франција (2:0), Неделчев од Бугарија (2:1) и Вандермерш од Франција (2:1).

За најдобриот македонски тенисер ова е прв трофеј во професионалната кариера. Калин до пред неколку месеци играше во јуниорска конкуренција.

Овој триумф ќе му донесе голем скок на АТП листата на која во моментов е на 1.074 место.

Калин игра во одлична форма на последните неколку турнири а блесок имаше на јуниорскиот дел од Вимблдон кога доби пофалби од многу врни тенисери меѓу кои и од Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд.

21 август 2022 - 14:37